ЈП Лајка постојано на нивната фејсбук профил објавуваат профили од нивните членови кои чекаат на вдомување.

„Особено сме горди дека ЈП Лајка и оние сограѓани кои се вистински љубители на животните, заеднички прават проектот „Вдоми куче, вдоми љубов“ да стане реалност“, напишаа од ЈП Лајка.

На нивната официјална фејсбук страница може да ги погледнете рофилите на преслатките кучиња кои чекаат да бидат вдомени.

„Верувајте дека нивната единствена природа вашите животи ќе ги исполни со љубов, хармонија и смеа“, напишаа од ЈП Лајка.

Сите миленичиња го поминале хуманиот третман и се комплетно здрави. Доколку сакате и имате можност да вдомите куче, можете да аплицирате на vdomi@lajka.com.mk.

Заеднички да го поддржиме проектот „Вдоми куче, вдоми љубов“, да покажеме хуманост и да ги спасиме кучињата од улицата, а љубовта која ќе ја возвратат нема да има граници!