Непознати сторители денес запалија три контејнери поставени во Дебар Маало, при што е предизвикана голема материјална штета, информираат од Град Скопје.
Благодарение на брзата реакција на скопските пожарникари, огнот не се прошири кон околните објекти и возила. Во наредниов период уништените контејнери ќе се заменат со нови.

Градот Скопје апелира граѓаните да ја почитуваат поставената урбана опрема на јавните површини и да не ги палат садовите за отпад, за да се овозможи ефикасно подигање на комуналниот отпад и одржување на јавната хигиена.