Благодарност за поддршката: Предадени дела од ликовната колонија „Св. Георгија“ на Општина Радовиш

Во знак на благодарност за повеќегодишната поддршка и покровителство на меѓународната радовишка ликовна колонија „Св.Георгија“, која традиционално се одржува во јуни на манастирскиот комплекс „Св.Георги“ во радовишкото село Ораовица, од страна на Здружението на ликовни уметници „РАДА-ДЛУР“ од Радовиш на ЕЛС општина Радовиш и’ беа дадени вкупно 17 уметнички слики, изработени од уметниците на минатогодишната колонија.

Лани на ликовната колонија учествуваа повеќе од 20 врвни ликовни уметници од Турција, Русија, Бугарија, Србија, како и академски сликари од Македонија.