Градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов, на својата ФБ страна објави оналјан документ во кој жителите на ова општина ќе може да го пополнат и си ги кажат потребите, што недостасува и што треба да направи општината се со цел да им се олесни секојдневието.

Врз основа на оваа анкета која се реализира по мотото ,,Мислењето на граѓаните е најважно’’, ќе се планираат  програмите од Буџетот за следната година. Дојранчани имаат можност да го кажат своето мислење и на тој начин да учествуваат во креирањето на Буџетот за 2021 година

Секој жител на ова општина во овој онлај документ може да се изјасни за проблем или идеја за која општината треба да даде акцент идната година, да конкретизира што недостасува во Стар или Нов Дојран но и во населените места Фурка, Николиќ, Ѓопчели, Црничани.

Жителите на Дојран може да дадат и оценка за работата на gрадоначалникот, администрацијата, за транспарентноста на општината, за брзината и квалитетот на комуналните услуги, јавното осветлување.