Амбасадорката на Велика Британија го посети Штип

Рејчел Галовеј, амбасадорката на Велика Британија во земјава, престојуваше во работна посета на Штип, при што имаше разговори со градоначалникот Сашко Николов и со членови на Советот на Општината.

Се разговараше за проектите што Општината ги реализира од европските фондови, но и за трговската соработка меѓу Велика Британија и нашата земја. Најавено е дека во наредниот период со тимот на амбасадорката Галовеј ќе се воспостави соработка за да се оформи онлајн-форум со компаниите, а со цел да се изнајдат комуникации и партнери во Велика Британија.

Се разговараше и се разменија искуства од справувањето со пандемијата на коронавирусот.