Седница на Совет на Општина Штип
Денеска, 30.05.2018 г., ќе се одржи осма седница на Совет на Општина Штип со почеток во 10:00 часот во голема сала на Совет на Општина Штип.

Резиме на реализираното во изминатите шест месеци
Вчера градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, пред медиумите, а со тоа и пред целата јавност, даде осврт на сработеното од почетокот на мандатот. Во презентацијата којашто медиумите имаа можност да ја проследат, градоначалникот зборуваше за реализираните објекти, но и за оние чијашто реализација тече, како: гасификација на општина Штип, изградба на брана на река Отиња, изградба на нова детска градинка, изградба на платформа за паркинг, проектирање реконструкција со доградба на трибини на градски стадион, решение за сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, финализирање прва фаза на обиколницата и продолжување со втора фаза на истата, бројни инфраструктурни потфати. Градоначалникот Бочварски зборуваше и за активностите на јавните претпријатија, како и за промовираните мерки, проекти, иницијативи, средби и останато.

„Општина Штип и локалните институции сега работат домаќински и внимаваат на секој денар од народните пари. Како пример за ваквото посветено и финансиски внимателно работење се заштедите коишто ЈП „Исар“ ги оствари во само првото тромесечје од оваа година. Станува збор за заштеди од 3.700.000 денари. Изведени се над 780 метри нова водоводна линија и над 160 метри нова канализациона мрежа, а реконструирани се над 150 метри водоводна линија и над 160 метри канализациона мрежа. Се асфалтираат нови патишта, се обновува и санира постоечката патна инфраструктура за моторни возила, а се работи и на обновување и изградба на патна инфраструктура за пешаци. Се работи првенствено на доследна и темелна изработка на сите активности, со акцент на квалитетна и трајно добра изработка. Темелниот пристап кон решавањето на проблемите и обезбедувањето квалитетна и долготрајна инфраструктура останува приоритет на оваа локална власт, на чијашто реализација сите заеднички работиме,“ истакна, меѓу другото, во своето обраќање градоначалникот Бочварски.

Отворање Ресурсен центар за граѓански организации во Штип
Вчера во Мултимедијален центар Канал 77 беше отворен Ресурсен граѓански центар за граѓански организации во Штип. Во Ресурсниот центар граѓанските организации ќе добиваат поддршка и помош при нивната работа. На отворањето, проектот го презентираа Валентина Атанасовска, координатор на ресурсни центри при МЦМС и Слободанка Блажевска од Медиа плус, Штип.

На отворањето на овој Ресурсен центар за граѓански организации свое поздравно обраќање ќе има градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

„Ми претставува особено задоволство што денеска имам можност да присуствувам на отворањето на Ресурсен центар за граѓански организации во нашиот град. На отворањето и функционирањето на овој центар гледам како на особено позитивна вест за граѓаните од нашиот град, па и од нашиот регион, затоа што очекувам овој центар да обезбеди позитивна клима за развивање граѓански активизам. Имено, очекувам овој центар да обезбеди услови за да се зајакнат капацитетите и информирањето на граѓанските активисти и нивните организации, а заедно да понудиме платформа за соработка на граѓанскиот сектор со институциите.

Граѓанските организации се важен фактор во градењето и одржувањето на демократијата во општественото живеење и Општина Штип тоа го препознава и поддржува во рамките на своите надлежности.

Зајакнувањето на капацитетите на граѓанските организации значи унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги, промовирање добро владеење, што придонесува кон значително подобрување на животниот стандард. Овој начин на работа допира до различни сегменти од општественото живеење, што на долг рок создава силно, самоодржливо и активно граѓанско општество. А, од тоа имаме корист сите,“ истакна градоначалникот Бочварски во неговото обраќање.

Седница на Комисија за спорт
Денеска, 30.05.2018 г., ќе се одржи седма седница на Комисија за спорт со почеток во 09:30 часот во сала 2 на Совет на Општина Штип.

Дневни активности на јавни претпријатија

Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:

  • Реконструкција на тротоар на Бул. „ЈНА“ и изградба на атмосферска канализација
  • Замена на улични светилки во централното градско подрачје
  • Обележување хоризонтална патна сигнализација во централното градско подрачје