Неодамна се отвори светлосната анимација REACT/OR, направена на зградата на поштата која е дел од светските енциклопедии на брутализмот.

„Светлосната анимација симболизира создавање на нова енергија, нов импулс и реобмислување на градските простори“, вели авторот – светлосниот дизајнер Мартин Димитријев.

REACT/OR е дел од проектот Skopje Light Art District во организација на Град Скопје, Универзална Сала и ROCK проектот од програмата Horizon, кој има за цел да го однесе Скопје во една поинаква димензија и го приближи до европските градови. Истовремено да даде шанса на младите дизајнери, да ја искажат својата слобода, креативност и автентичност!
Скопје уште еднаш покажа дека градот може да се доживее во еднo поинакво светло и да ги врати на сцена заборавените простори кои имаат значајно минато.

Видео: Фејсбук Град Скопје