Центарот за социјални работи во Куманово доби веб страница

M4034S-4211

Центарот за социјални работи Куманово изработи веб страница преку која граѓаните ќе можат да се информираат за активностите во установата.

Изготвена е веб страница www.jumcsrkumanovo.com.mk преку која граѓаните ќе имаат можност да добијат информации за сите нивни потреби, поконкретно за остварување на права и услуги во рамките на нашата установа  – соопштуваат од Центарот за социјални работи.

Од Јавната Установа Меѓупштински Центар за социјална работа Куманово, додаваат дека во изминатиот шестмесечен период бележат низа резултати и реализирани активности.

Направени се одредени промени во организацијата на работата во рамките на службите кои работат на правата и услугите се со цел подобрување на ефикасноста, ефективноста и давањето на поквалитетна услуга на граѓаните кои имаат потреба од истата. Центарот доби нов мебел, компјутери и клима уреди, со што значително се подобрени условите за работа на вработените како во ЦСР Куманово, така и во Одделението во Липково, делот во Детска заштита и Дневниот Центар за лица со посебни потреби  – стои во соопштението од ЦСР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *