Куманово: Пакетчиња за учениците со посебни потреби во „Браќа Миладиновци”

Дедо Мраз однесе пакетчиња на дечињата со посебни потреби, кои посетуваат настава во основното училиште „Браќа Миладиновци”.

Вчера 55 пакетчиња даруваше компанијата Визијана, а пред неколку дена подароци однесоа и од невладината организација „Крепост”.

„Не можам да ви ја опишам радоста на овие дечиња кога го видоа Дедо Mраз со подароците. Во посебните паралелки се главно деца од загрозените семејства, кои поради својата социјална состојба не се во можност да им купат ни по едно пакетче. За среќа има добри луѓе кои се сетија на нашите ученици и им ги разубавија празниците”, изјави Марина Манојловска, директорка на основното училиште „Браќа Миладиновци”.

Таа додава дека денеска ќе се одржи новогодишна приредба на која ќе се поделат подароци на децата со посебни потреби донирани од нивните другарчиња и професори од училиштето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *