Ќе се отвори Центар за ран детски развој во Черкеско село

На површина од седумдесетина мерти квадратни ќе згрижува 60 деца на возраст од 3 до 6 години. Со децата ќе работи една воспитувачка во две смени од по три часа.

Проектот чини 1,5 милион денари од кои 300 илјади ќе обезбеди Општина Куманово, а останатото УНИЦЕФ.  Денеска меморандум за соработка потпишаа градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевки и претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс.

„Кога немаме доволни капацитети во детските градинки, заедно со нашите партнери изнаоѓаме начини како на оваа категорија на деца да им излеземе во пресрет и им овозможиме да посетуваат предучилишна установа”, – рече Димитриевски.

„Сиромашните и руралните деца се оние кои што најретко одат во предшколска установа и токму затоа ја избравме општината Куманово и се надеваме дека проектот ќе се прошири во целата држава„,- изјави Перкс.

Имплементацијата на проектот ќе започне веднаш, а се очекува  центарот да проработи на пролет.

Во Куманово веќе работат два вакви центри, во основното училиште „11 Октомври” и во „Христијан Карпош” во Пуковско.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *