Димитриевски избран за претседател на Советот на Североисточен регион

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е избран за нов претседател на Советот за развој на Североисточниот регион.

Kонститутивната седница денеска се одржала без присуство на новинарите, а информацијата е објавена на сајтот на општината. Не знаеме дали Димитриевски добил едногласна подршка, и кои се плановите и приоритетите на новите градоначалници за развој на најсиромашниот регион во државата.

Во Советот на Североисточниот регион влегуваат општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *