Во Куманово почна кампањата „Дискриминација – Не во моето училиште”

Општинскиот центар за социјални услуги од Куманово, канцеларијата на заменикот народен правобраниел во соработка со германското друштво за интернационална соработка ГИЗ, започна кампања за подигнување на јавната свест кај учениците до деветто одделение насловена „Дискриминацијата – не во моето училиште”.

Кампањата започна денеска со приказ на анимиран филм во основните училишта, но и со трибини во училиштата, на кои стручни лица, социолози, педагози, наставници и претставници од канцеларијата на заменикот народен правобранител на учениците им објаснуваат како да препознаат дискриминација, каде да ја пријават, како да се спречи и дејствува против дискриминацијата.

„Анимираниот филм е насловен Сите како едно. Оваа активност е дел од кампањата за подигнување на јавната свест за дискриминацијата. Целта на кампањата, е подигнување на јавната свест за спречување, намалување и препознавање на дискриминацијата во училишните клупи. Целна група е младата популација ученици од шесто до деветто одделение, кои се најпогодни во овој период за да се стекнат со позитивни навики и антидискриминирачко однесување“, изјави Тања Стефановска, од Општинскиот центар за социјални услуги.

Кампањата ќе се спроведе во сите 16 основни училишта во Куманово. Превентивната активност општинскиот центар за социјални услуги ја организира во соработка со германското друштво за интернационална соработка –ГИЗ и регионалната Соработката меѓу општина Куманово и ГИЗ трае од 2016-та година кога е потпишан Меморандум за разбирање.

„Децата имаат многубројни права, а наша главна цел е да ве научиме како да ги оставрувате, како да ги штитите тие права.Не треба да бидете пасивни, се она што ќе го почуствувате како негативно чуство треба да го споделите со наставниците и родителите. На сите деца треба да им се обезбедат исти права“, изјави заменикот народен правобранител Насер Весели.

Наставниците од училиштата потенцираа дека на класните часови интензивно се работи на подигнување на свеста на учениците во однос на прашањето за дискриминација.

Кампањата преку промоција на анимираниот филм во наредните две недели ќе се спроведува во сите основни училишта во градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *