Страшо Тодоровиќ се враќа во стручниот штаб на КК Куманово

Поранешниот тренер на Кошаркарскиот клуб Куманово Страшо Тодорвиќ се враќа во стручниот штаб и ќе му помага на новиот тренер Александар Петровиќ, кој пак доаѓа на местото на Игор Михајловски кој изминатиот викенд си поднесе оставка.

Тодоровиќ по повеќе од година дена не е во кошаркарските води, меѓутоа додека беше тренер на КК Куманово ја доби наградата тренер на годината во Република Македонија благодарение на позитивните резултати кои ги забележа токму со тогашниот состав на „сино-белите”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *