Со победа ЖРК Куманово ја отвори новата сезона

Ракометарките на Куманово со убедлива победа ја стартуваа новата ракометна сезона. Вчеравечер на домашен терен со резултат 33:26 го совладаа составот на ЖРК Пелистер од Битола во рамките на првото коло од женската Суперлига.

Првото полувреме заврши со резултат 15:11 во корист за домашниот состав кој по напорните тренинзи покажа дека може да чекори кон нови победи и зацртаната цел, второто место, веднаш зад вратот на европскиот вицепрвак ЖРК Вардар.

Следниот натпревар ракометарките на Куманово го играат веќе денеска кога силите ќе си ги одмерат со екипата на Деспина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *