Карпош со официјални податоци за загаденоста на воздухот

Според официјалните податоци на Министерството за животна средина и просторно планирање  кои излегоа со релевантни извештаи од месечните мерења од повеќе мерни станици за квалитет на воздух, утврдено е дека нема отстапки од референтните вредности на загадување. За таа цел, функционира и мерната станица во Општина Карпош, поставена во основното училиште Петар Поп Арсов.

Графичкиот и табеларен приказ на ПМ 10 честички и други хемиски супстанци во воздухот можат да се следат на нивната веб страна:

http://air.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2015/07/0204_201708VkupenIzvestaj.pdf

Со тоа се покажуваат еколошките параметри за загаденоста  на воздухот на ниво на град Скопје и на цела територија на Карпош. Локалната самоуправа на својата официјална веб страна редовно ќе ги ажурира сите известувања од Министерството за животна средина и просторно планирање, кои се однесуваат на мерењата за квалитетот на воздухот во Општина Карпош

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *