Традиционален есенски крос на кејот на Вардар

Традиционално, по деветти пат на кејот на реката Вардар се одржа атлетскиот крос турнир. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски истакна дека локалната самоуправа постојано вложува во најмладите, токму преку поттикнување на спортскиот дух.

„Многупати сум ви напоменал, и пак ќе нагласам дека преку спортот вие се надградувате како личности, и созревате. Преку активното занимавање со спорт вие дисциплинирано работите, учите да функционирате во тим, односно ги учите сите оние вредности кои ќе ве изградат во силни и совесни личности“, нагласи  Јакимовски.

Во категоријата – девојчиња на 150 метри од шесто одделение победничка е Ениса Јашарова од училиштето Аврам Писевски, додека во категоријата момчиња на 200 метри, исто одделение е победник Лука Писливиќ од ,, Петар Поп Арсов”. Седмоодделенката Љубица Славевска од ,, Лазо Трповски” е победничка на 200 метри, додека седмоодделенецот Насер Бајрами од ,, Аврам Писевски” е победник на трката на 250 метри. Ана Божиновска од ,, Димо Хаџи Димов” е прва во категоријата на 200 метри ( 8 одделение), додека Петар Муратовски од,, Христијан Тодоровски- Карпош” најбрзо истрча 350 метри од своите врсници осмоодделенци.

Деветтооделенката Фросина Трајковска од ,,Петар Поп Арсов” е најбрза на 350 метри, додека Јосиф Јаковлевски стигна прв до целта трчајќи најбрзо 400 метри на овогодинешниот крос.

На турнирот учествуваа ученици – основци од шесто до деветто одделение од сите десет општински основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Карпош.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *