Костадинов оствари средба со амбасадорите на Јапонија и Србија и заменик амбасадорот на Кина

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов оствари средба со амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда, амбасадорката на Република Србија, Душанка Дивјак Томиќ, заменик амбасадорот на Народна Република Кина, Мао Кинвен и сопругата на амбасадорот на Холандија. Оваа средба е во рамките на добрата соработка помеѓу Здружението на граѓани „Добре дојде Macedonia welcome Centre“ од Скопје и општина Струмица и на истата присуствуваа и претставници на здружението и претседателот Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

Главен акцент на средбата беше ставен на туристичките потенцијали на општина Струмица и градоначалникот Костадинов, детално, ги информираше гостите со целокупната понуда на Општината.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *