Струмица: Ќе се асфалтираат улици во 10 населени места

Согласно програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на општина Струмица за 2017 година, започнаа подготвителните активности за асфалтирање на улици во населените места.

Од Одделението за комунални работи информираа дека во првата фаза ќе бидат асфалтирани 14 улици во населените места Габрово, Дабиле, Куклиш, Рич, Градско Балдовци, Костурино, Добрејци, Муртино, Вељуса и Попчево. Подготвителните активности веќе завршија во селата Куклиш и Градско Балдовци, а продолжуваат и на останатите локации планирани за асфалтирање.

Овој градежен зафат се реализира со средства од буџетот на општина Струмица.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *