Во касарната „Боро Менков” одбележан Денот на Армијата

Со воена свеченост и изложување на дел од од воената опрема во кумановската касарна „Боро Менков” беше одбележана 25-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија.

По повод Денот на АРМ во рамките на свеченоста се одвиваше постројување на припадниците на  единиците од гарнизон Куманово, предавање на стројот на Командантот на здружено оперативната команда (ЗОК) бригаден генерал Зоран Милески, кој воедно одржа и поздравен говор пред присутните во кој истакна дека и покрај многуте предизвици армијата секогаш била и ќе остане рамо до рамо со граѓаните на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *