Струмица живее во ритамот на најголемата културно – уметничка и забавна манифестација Струмица опен фестивал

Дванаесетти ден Струмица живее во ритамот на најголемата културно – уметничка и забавна манифестација Струмица опен фестивал, чие годинашно шесто издание е насловено „Направено со љубов“.

Во изминатите денови, струмичката и пошироката јавност уживаа во богатата фестивалска понуда која досега се реализираше на шест отворени сцени. Од изложби на фотографии, летна игранка со Паркети, италијанска вечер со Васил Гарванлиев, рок концерт, детски претстави и фестивали, фолклорен концерт и концерт на лица со телесен инвалидитет,  летна школа за гитара, трка на келнери, џез вечер со Владимир Четкар, вечери на поезија, филм и афоризми до синоќешниот настап на Гаро и браќа Тавитјан со специјалните гости од Балканот, популарните Сергеј Четковиќ, Жељко Бебек и Јелена Томашевиќ, а настапи и познатиот српски и екс–ју бенд Галија, а со електронска музика, точка на првата музичка вечер ставија Александар Галоски и Пата Пата рекордингс. Богатата фестивалска музичка програма продолжува вечерва со настапите на македонската поп пејачка Дани Димитровска, рок-составот Ван Гог и една од најпопуларните балкански пејачки Јелена Розга. Во последната фестивалска вечер во недела на големата ОПЕН ФЕСТ- сцена, ќе настапат Нино Величковски, Queen Real Tribute, електронските дуа Disconnected и Cyrillic, а честа да го затвори фестивалот годинава  му припадна на најпопуларниот балкански кантавтор Дино Мерлин со прв и ексклузивен концерт пред струмичката публика.

Општина Струмица продолжува во континуитет со финансиска поддршка на фестивалот,  која годинава изнесува 3 милиони денари, со цел  Струмица опен фестивал и во годините кои следуваат да го оддржува и надградува воспоставеното ниво на квалитет, преку организирање на поголеми и побројни настани и обезбедување на настап на уште попознати музички ѕвезди.

Струмица опен фестивал зад себе има околу еден милион посетители, 400 изведувачи и над 100 реализирани настани.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *