Се одржа заедничката вежба меѓу армиите на Македонија и САД

Во Струмица  успешно беше реализирана заедничката вежба на припадници на армиите на Република Македонија и САД „Dragoon Guardian 17“. Пред домот на АРМ, беше презентирана воената опрема на инженерскиот сквадрон на копнените сили на армијата на САД и на инженерскиот баталјон од Првата механизирана пешадиска бригада на АРМ, а учествуваа и припадници на другите единици на АРМ за пружање на логистичка поддршка и воено полициско обезбедување. Граѓаните на Струмица покажаа голем интерес за оваа вежба, а меѓу нив беше и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.

Општина Струмица ја поддржа оваа заедничка вежба и даде свој придонес во успешната реализација на истата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *