Улицата „Среќко Пужаљка” доби нов асфалт

Продолжува проектот за реконструкција на улиците во централното градско подрачје. Во завршна фаза влегува и улицата „Среќко Пужаљка”, на која активно се работи деновиве и покрај високите температури. Како што истакна градоначалникот Дамјановски, кој  направи увид на активностите на терен, сепак се почитуваат препораките за заштита на работниците од топлото време, па градежните активности паузираат од 11 до 17 часот, поради што и самата реконструкција оди со забавено темпо.

Пред околу шест месеци оваа улица доби и реконструиран канализационен систем, а сега паралелно со поставување на новиот асфалт се поставени и нови проширени тротоари.

Тоа е една од улиците кои се од постар датум во Куманово и мислам дека беше редно да се направи. Еве денеска го завршуваме горниот слој од улицата „Среќко Пужаљка”, улица околу 290 метри должина, по два слоја асфалтирање и 190-тина метри е во бекатонирање. Тоа е проект на општината, финансиран од Буџетот на општината, не спаѓа во ИПА проектот за реконструкција на постоечката инфраструктура, бидејќи се договоривме, овој дел да биде од програмата на општината, а комплетно улицата околу Гимназијата, односно „Перо Чичо” и „Перо Шварц” биде комплетирана и со тоа го направиме целиот круг од околу 1.500 метри комплетно завршување- изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Дамјановски  најави дека овие улици до почетокот на учебната година ќе бидат завршени, а целиот проект во средината на месец септември.

Во процедура е и завршување на постапка за улиците „100″, „Тоде Думба”, „Тоде Мендол” во должина од 30.000 квадратни метри, комплетна реконструкција на тие патни правци со што Куманово ќе добие една генерална убава слика во однос на реконструкција постоечката и изградба на нова патна инфраструктура. Мислам дека во овој период Куманово покажува дека приоритет и поента дава на реконструкција и изградба на локалните патишта – вели Дамјановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *