Се чистат дивите депонии во Општина Куманово

Општина Куманово ја започна третата акција за чистење на дивите депонии во градот.

Екипи на ЈП „Чистота и зеленило” се ангажирани на 5 локации и тоа: Стари Лозја, Добиточен пазар, Менкова колиба, реката Којнарка и Перо Чичо.

„Ги повикуваме граѓаните да го почитуваат комуналниот ред и дисциплина и да се воздржат од фрлање отпад и создавање на нови диви депонии. Во наредниот период надлежните служби ќе вршат засилен инспекциски надзор и ќе следуваат репресивни мерки кон несовесните граѓани”,  изјави Даниел Стојчевски, советник на градоначалникот.

На територијата на општина Куманово има десетина диви депонии, кои постојано се создаваат. Општината оваа година ќе одвои 6.1 милион денара за заштита на животната средина меѓу кои и за чистење на ѓубрето од дивите депонии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *