По целосното завршување на неопходните подготовки, започнаа градежните работи за санација на поројот, односно, потпорниот ѕид на улицата „Првомајска“ кој пред дваесетина дена беше оштетен од обилните дождови. На терен со своите соработници беше и градоначалникот Коста Јаневски кој рече дека тој и Општината ќе бидат целосно во служба на граѓаните и не само овој, туку и сите нивни проблеми ќе се решаваат во најкраток можен рок.