Општина Струмица ја посетија дечиња од Струмичката епархија и испеаја коледарска песна

Во пресрет на големиот христијански празник Божик и негувањето на традиционалните обичаи, општина Струмица ја посетија дечиња од Струмичката епархија и пред градоначалникот Коста Јаневски и вработените ја испееја коледарската песна „Вечниот бог“. Заблагодарувајќи им се за посетата, Јаневски им посака се најубаво и им подари коледарски пакетчиња.

Отец Јаков од Струмичката епархија рече дека овој настан е во рамките на  иницијативата на МПЦ да се возобнови древното пеење коледарски песни кои се со христијанска содржина, кои го воспеваат и објавуваат Христовото раѓање, наспроти некои коледарски песни со деструктивна содржина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *