„Општина Струмица и амбасадата на Италија се пример за соработка меѓу Општина и Амбасада, кои со години го негуваат пријателството, ја продлабочуваат соработката на сите полиња и ги ползуваат придобивките од неа“, рече градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, на светското одбележување на Неделата на италијанскиот јазик и култура.

Одбележувањето се одржа во центарот за култура „Антон Панов“, а присуствуваа амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео и амбасадорот на Шпанија, Емилио Лоренсо.