Куманово: Помош во храна и облека за Нова година за најсиромашните семејства

Триесетина најзагрозени семејства од општините Куманово и Старо Нагоричене, добија помош за новогодишните празници од општинската организација на Црвен Крст- Куманово.

„Во предновогодишниот период Црвен крст Куманово се погрижи во рамките на своите можности да обезбеди пакети со храна, хигиена и облека за 30 социјално најзагрозени семејства од градот и општината Старо Нагоричане“,  соопштуваат од Црвен Крст Куманово.

Од таму додаваат дека во декември обезбедиле хуманитарна помош за бебиња од храна, пелени и облека за приближно 60 семејства од населбата Средорек.

„Црвен крст Куманово ќе продолжи и во текот на 2018 година заедно со општествено одговорни граѓани и претпријатија од градот да помагаме на оние на кои помошта им е најнеопходна”, информираат од организацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *