Улицата Коле Неделковски доби нова асфалтна површина. Извршена е комплетна промена на водоводната и канализациската линија, извадена е коцката, а потоа се изврши тампонирање, асфалтирање и поставување нови рабници.

„Сакам да им се заблагодарам на граѓаните поради трпението, бидејќи имаше мал застој во работните активности поради вонредната состојба со коронавирусот. После 40 години, извршена е комплетна реконструкција на 1.700 квадратни метри улица и на 700 квадратни метри површина за пешаци. Претходно е реконструирана водоводната и канализациската мрежа,“ истакна градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

Инвестицијата изнесува околу пет милиони денари: за улицата и тротоарите – 4,2 милиона, а за водоводната и канализациската мрежа – 715.000 денари.