Штип со дополнителни мерки за превенција од Ковид-19

Штипската локална самоупрва презема и дополнителни мерки и активности за превенција од ширењето на коронавирусот. Oпштината со јавното комунално претпријатие „Исар“ и со Територијалната противпожарната единица спроведува активности во повеќе градски реони, се мијат улиците, се дезинфецираат контејнерите, а се врши и дезинфекција на општинската зграда и на сите канцеларии што се посетуваат од граѓаните.


„Апелираме и до такси-компаниите и до превозниците на работници и работнички да ги дезинфецираат своите возила заради повисока безбедност, како и до сите граѓани да ги почитуваат мерките што се препорачуваат од Министесрвото за здравство“, повика градоначалникот Благој Бочварски.