На плоштадот Слобода во Штип, поставено е лизгалиште со површина од 120 м2, како дел од новогодишната програма на Општината Штип.

Лизгањето е бесплатно, а лизгалки ќе можат да се земат од ангажираните луѓе на лице место. Градоначалникот Благој Бочварски рече дека лизгалиштето е поставено со цел да се внесе иновација во дочекот на Новата Година.

– Лизгалиштето ќе функционира триесетина дена, ќе има поставено неколку монтажни објакти за служење чај и топли напитоци. Лизгањето ќе биде бесплатно, изјави Бочварски.