ФОТО: Чистење на снегот од патиштата во Радовишко

Иако снегот годинава го има малку, особено во градот,  планинските села на територијата на општината Радовиш деновиве добија нова снежна покривка. Општина Радовиш врши навремено и редовно одржување и чистење на улиците и патиштата низ општината. Вклучена е и механизацијата за чистење на снег.

Се изврши благовремено чистење на снегот во населените места Бучим, Аликоч, Коџалија, Тополница, Дамјан, Калаузлија и во градското подрачје.