Со доделување на сертификатите на 14 лица заврши проектот за Општо-корисна работа за општина Свети Николе во соработка помеѓу УНДП , АВРМ и општина Свети Николе.

На ангажираните светиниколчани, кои работеа како асистенти и негователи, градоначалникот Сашо Велковски во име на општината им се заблагодари за ангажаманот.

Крајо на оваа ваза означи и почеток на новата фаза за Општо – корисна работа. На 16-ти август заврши повикот за нови 14 чица, кои ќе бидат ангажирани и тоа –  шест лица за образовни асистенти,три  лица за лични асистенти, четири за негователки за деца од предшколска возраст и едно лице за неговател во Центарот за лица со посебни потреби.

Право на учество во Програмата имаат сите невработени лица , при што предност ќе имаат лицата што за прв пат се јавуваат за учество во Програмата