Изминатата сабота учениците од ООУ„Аврам Писевски” го одбележаа крајот на учебната 2016/17 година со поетско-музичка вечер, која се одржа по прв пат во ова училиште.

Со мистичните звуци на гитарата кои одекнуваа во позадина, основците од шесто до девето одделение се претставија со лични поетски творби, под менторство на наставничката по македонски јазик, Марика Ракиќ.