Голем број личности, здруженија и организации беа одликувани со посебни признанија. На овој ден општина Тетово се сеќава на разните резултати и достигнувања на тетовчани и ги одликува со посебни признанија. Еден од добитниците на наградите е и младиот Игор Томески за кој Канал 77 веќе пишуваше. Овој пат Игор ја доби наградата за придонес во областа на филмската наука. Овој пат наградата ја подигна мајката на Игор затоа што тој успешно продолжува да се дообразува во САД.

Наградени беа и новинарката, Санда Србиновска, музичкото трио Шербет во обаста на културата итн.Трети Март се празнува како ден на општина Тетово од 1992 година кога за првпат се конституираше првиот повеќепартиски општински совет.