Кучињата скитници на територијата на општина Струмица се третираат исто како што тоа се прави на територијата на целата држава.

Според Кирил Парталов, секретар на Општината, како и при решавањето на другите проблеми на граѓаните, така и овој се решава согласно важечките законски прописи во Република Македонија, а во овој случај, согласно Законот за заштита и благосостојба на животните според кој кучињата скитници имаат хуман третман.