Во Струмица започна 54-та меѓународна ликовна колонија. Таа е најстарата (во континуитет) ликовна колонија во Македонија и една од најстарите на Балканот. Како таква и како една од најзначајните меѓународни културни содржини кои се одржуваат секоја година е една од најзаслужните за мапирањето на Струмица во земјава и надвор од неа, како исклучително важен културен центар.

Во изминатите 53 години, низ оваа колонија поминале над илјада ликовни творци од сите светски меридијани, меѓу кои и големи имиња и презимиња од светот на ликовната уметност, кои на Струмица, во трајна сопственост и оставиле непроценливо богатство од околу 2500 творечки дела, изработени во  разни ликовни дисциплини. Колонијата поддржана од општина Струмица трае 12 денови, а во неа учествуваат петнаесет ликовни уметници од Чешка, Полска, Турција, Бугарија, Црна Гора, Србија и Македонија.