Во склад со Програмата за работа на општина Македонска Каменица, градежните активности поврзани со доуредувањето на кејот на Каменичка Река добиваат на интензитет и истите се во напредна фаза на реализација.

Во моментов се работи на Регулација на речното корито, додека уредувањето на каскадниот праг и доизградбата на мрежата од фекална канализација се целосно завршени. Со ова ќе се овозможи понатамошно доуредување на овој простор и овој дел на градот ќе добие сосема нов урбан лик.  Во изминатиот период од страна на ЈП Камена Река, исто така беше спроведен Јавен конкурс за најдобро идејно решение за уредување на Парк на млади во близина на кејот од Каменичка Река, со што овој дел од градот граѓаните ќе го користат за прошетки, разонода и спортски активности, – изјави градоначалничката на  општина Македонска Каменица, Соња Стеменкова.

Изведувач на активностите, кои со Договорот за услуги склучен во 2018 година, опфаќа изграба на Регулационен дел во должина од 125 метри и каскаден праг на Каменичка Река е „Стоименов“ ДООЕЛ од Кочани.  Вредноста на овој проектот изнесува 5 632 124 денари.