Привршуваат градежните активности за изградба на паркинг во непосредна близина на новоизградениот кружен тек во Куманово на влезот од градот, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности. Паркингот опфаќа 650 метри квадратни.
Претходно, на влезот од Куманово беше изграден кружниот тек, прв во градот. За полесен пристап беа асфалтирани и крак од улицата „11 Октомври“ до влезот од градот, до крстосницата со „Србо Томовиќ“, дел од булеварот „Трета Муб“ до крстосницата со „ЈНА“, а беше асфалитиран и влезот од градот од автопатот кон мостот на улица „Железничка“.
Паркингот е дел од проектот за изградба на кружниот тек, за кој општината одвои 19,7 милиони денари.