Свети Николе во следните недели ќе го одбележи патронот на градот „Свети Николај“. Предвидени се повеќе активности, а настаните почнуваат во вторник на 17-ти декември со промоција за Домот на културата „Крсте Мисирков“, кој оваа година со низа настани и манифестации го одбележа јубилејот – 50 години постоење. За среда се предвидени вечерна богослужба и свечена академија, а на самиот ден, во четврток традиционалната литија и свечениот славски ручек за граѓаните и гостите на Свети Николе. Одбележувањата завршуваат со култуно – уметничка програма.