Самет Салиевски и официјално стана новиот советник во Советот на Општина Куманово, откако советниците го верификуваа неговиот мандат, а претходно и оставката на Максим Димитриевски од истата функција.

Самет Салиевски доаѓа од редовите на Коалицијата на СДСМ и е вработен во Јавното претпријатие „Чистота и зеленило”. Новиот советник свечено вети дека со преземањето на функцијата ќе ги застапува интересите на граѓаните на Општина Куманово.