Радовиш беше домаќин на Републичките пензионерски спортски натпревари

Радовиш беше домаќин на 24. Републички пензионерски спортски натпревари во организација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија и на Здружението на пензионерите од Радовиш и Конче.

На игрите присуствуваа вкупно 846 пензионери, додека учество зедоа 504 натпреварувачи во 11 дисциплини од 46 здруженија на пензионери на СЗП на Македонија.

Поздравни обраќања на отварањето на годинашните спортски натпревари имаа заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, градоначалникот на Општина Радовиш, Герасим Конзулов, претседателот на СЗПМ Станка Трајкова, градоначалникот на Општина Конче, Благој Илиев, и  претседателот на Комисијата за спорт и рекреација при СЗПМ, Здравко Петковски.