И оваа недела продолжија активностите за уредување на населените места, акција која што се спроведува на иницијатива на градоначалникот Коста Јаневски, а во соработка со јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и АД Водостопанство подружница „Струмичко поле“.

Во населеното место Добрејци, покрај чистењето на одводните канали, деновиве се работи на поставување на канделабри на главниот пат што покрај селото води кон општина Василево. Ќе бидат поставени вкупно 11 канделабри, покрај старите кои ќе бидат вратени на местото каде што беа пред изведувањето на градежните работи на канализациониот систем, ќе бидат поставени и нови со што комплетно ќе биде заокружено уличното осветлување во овој дел на селото.