Почна со реализација проектот за енергетска ефикасност во училиштето во радовишко Ињево

Започнаа градежните активности за подобрување на енергетската ефикасност на зградата на основното училиште „Орце Николов“ во радовишкото село Ињево како дел од проектот „3Еm“, финансиран од програмата за прекугранична соработка со Грција.

Проектот има цел да развие целосно функционален систем за енергетска ефикасност во основното училиште со имплементирање нов систем за греење, нова термофасада со нови врати и прозорци, како и реконструкција на дел од покривната конструкција.

Проектот е финансиран од ЕУ преку ИПА-фондовите. Вкупниот буџет изнесува 1.419.375.80 евра, додека вкупниот буџет на Општина Радовиш како партнер изнесува 288.520.00 евра.