Општина Карбинци започна со изградба на дел од локалениот пат, село Радање-село Оџалија, со должина околу 780 метри.
Со проектот се предвидува изградба/асфалтирање на преостанатиот дел од локалниот пат Радање – село Курфалија.


Од останатите елементи кои го сочинуваат патот се предвидуваат банкини од двете страни на патот со вкупна должина 800 м и широчина од по 1,00 м. Одводнувањето е решено преку прифаќањето на површинските води од коловозот со земјени канафки во должина од 800 м и два АБ пропусти со должина од 9 м и со должина 5м на спој со пристапен пат.
Вкупна вредност на проектот: 5.122.285,00 денари од кои: 3.017.127,00 денари или 58,90% од Бирото за регионален развој – орган во состав на Министерството за локална самоуправа и 41,10% или 2.105.158,00 денари ко-финасирање од Општина Карбинци.