Краткотрајниот, но пороен дожд кој вчера го зафати кумановско-липковскиот регион предизвика поплави во селото Матејче каде се излеа Матејачка река и поплави шест помошни објекти и земјоделски имот.

Според Регионалниот центар за управување со кризи, водата од објектите е повлечена, а ситуацијата стабилна. До излевање дошло на суводолица која се наоѓа на патниот правец помеѓу селата Оризаре и Матејче, а со активирање и на уште неколку други суводолици од планините биле поплавени помошни објекти и земјоделско земјиште, но нема оштетана патна инфраструктура.

Раководителот на РЦУК, Горан Стојановски вели дека станува збор за човечка негрижа за коритата на суводолиците и затоа од мал дожд дошло до излевање на суводлоцата.

Засега нема опасност од излевање на реките Кумановка, Којнарка, Липковка и Пчиња со оглед дека има поставени бедеми од двете страни.

Вчерашното невреме траеше дваесетина минути, а во период од 8:00 до 14:00 часот наврнале вкупно 18 литри дожд на метар квадратен.