Општината Македонска Каменица подготвува програма, преку која општината ќе им помогне на самохраните родители и еднородителски семејства.
За таа цел, градоначалничката Соња Стаменкова одржа работен состанок со дел од оваа група граѓани. Присутните на состанокот, за потребите на Општината пополнија анонимен прашалник кој ќе биде од полза при изготвувањето на оваа Програма.
Со Програмата за поддршка и социјална заштита ја покажуваме отвореноста и подготвеноста како Општина за решавање на предизвиците и подобрување на статусот на самохраните родители и еднородителските семејства. На состанокот разговаравме за потребите и нивно имплементирање како приоритети предложени од самата целна група, изјави Соња Стаменкова, градоначалничка на општина Македонска Каменица
Во рамки на состанокот позитивно беше прифатена иницијативата изнесена од Стаменкова, за реактивирање на постоечкото Здружение на граѓани „Афродита Кам“ кое според статут и програма за работа ја има токму заштитата, борбата за права и грижата за оваа група граѓани во заедницата.
Општината со доаѓањето на новата локална власт, за секое новородено дете, исплаќа финансиска поддршка од 10.000 денари, а за првото новороденче во секоја година се исплаќаат 20.000 денари. Се доделуваат и финансиски средства како еднократна парнична помош потребна за социјални случаеви или за болничко лекување.