Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска подели новогодишни пакетчиња на децата без родители, на детското одделение во Општата болница Куманово, во Здруженито на глуви и наглуви и на децата од ромските социјално загрозени семејства.

„Традиционално организиравме преим за децата без родители и нивните стратели. Ја користам оваа прилика да им ја честитам 2018 година и да аплерам до сите наши сограѓани да дадат поголем допринос во делот на згрижување на оваа социјална категорија на деца. Не е лесно, се соочуваат самите дечиња со сериозни проблеми и како граѓани мораме да покажеме многу поголема општествена одговорност. Голема благодарност до старателите кои преземаат една голема обврска да ги негуваат, чуваат и раснат овие децa“, изјави градоначалникот Димитриевски.

Голема беше радоста на децата од новогодишните подароци.

Во Кумановската болница Дедо Мраз подели четириесетина пакетчиња.