Општините Карбинци, Конче и Радовиш ќе добијат повеќенаменска  машина која  што ќе ја користат заеднички. Всушност станува збор за градежна машина која што ќе се користи и за чистење на снег во змиски услови.

Оваа машина кој што всушност  е една од осумте кои што ги набави извршната власт  ќе бидат строго наменети за руралните општини.Со  тоа со овие машини ќе им бидат достапни на вкупно 24 општини.

Според информациите на градоначалникот на општина Карбинци,Јордан Насев изработен е бизнис план според кој ќе се регулира која општина како ќе ја користи оваа повеќенаменска машина.