Градоначалникот Коста Јаневски, покрај новогодишни пакетчиња на сто деца од социјално загрозени семејства, а кои следат настава во основните општински училишта, подели прехранбени пакети на социјално загрозени семејства од општина Струмица. Овој хуманитарен чин пред новогодишно – божиќните празници го реализираа Банката за храна Македонија, општина Струмица и Организацијата на жени од Струмица.

Во просториите на домот на АРМ беа поделени околу два тона повеќе видови прехранбени производи. Струмица е единствената општина во Македонија која пет години по ред од својот буџет одвојува средства за набавка на прехранбени пакети на сиромашните семејства.