Општина Струмица беше домаќин на вториот интернационален гастрономски натпревар – ГастроМак Македонија 2017. На оваа манифестација која што се одржа под мотото „Залче од светските вкусови“ во своите кулинарски вештини се натпреваруваа 300 готвачи од 35 држави. Срдечно добредојде на учесниците и гостите им посака, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.